Нашата приказна
Од лозјето до чашата, во иста фамилија
Почитувани, ја имаме честа да ви посакаме добредојде на страницата на ЕНОХ — крафт занаетчиска дестилерија и бутик винарија.
Каде сме
Енох е мала занаетчиска семејна дестилерија и винарија, официјално основана во 2022 година. Нашите простории за технолошко-производствените процеси, како и лозовите насади, се наоѓаат во селото Пепелиште — во центарот на Македонија, на само два километри од автопатот „Пријателство“, во близина на Неготино. Регионот има значително многу сончеви и суви денови, а тероарот му дава на грозјето уникатен квалитет, висока шеќерност и прекрасни ароми.
Наследство
Нашата традиција на печење ракија датира од раните 1970-ти години. Знаењето, техниките и целокупниот занает се предавани на идните генерации. Растејќи во земјоделско семејство, ја имавме честа да го наследиме занаетот и да продолжиме со нашата семејна традиција на печење само најквалитетна и најчиста лозова ракија.
Сортите
Нашата ракија се добива од неколку стари и автохтони сорти на грозје, како што се Вранецот и Р’кацители, но и од некои понови сорти како Ризлинг, Шардоне, Мерло и Каберне Совињон.
Занаетот
Во процесот на производство користиме стари традиционални казани од бакар, каде мораме да примениме техники со кои ги отстрануваме несаканите состојки, задржувајќи го само чистото срце на алкохолот. Подоцна, така добиениот чист алкохол зрее по неколку рецептури — меѓу кои и некои од најстарите тајни рецепти на нашето семејство — за на крај да добиеме ракија со традиционални и уникатни вкусови, проследени со типични ароми кои се високо вреднувани во нашиот регион.
Аманетот
Овие стари рецепти влечат корени од нашите предци — занаетчии кои ги развивале техниките и рецептите во текот на годините, и ни ја дадоа честа на само неколкумина од нас да ги наследиме традицијата, рецептите и техниките, кои се многу ценети во нашиот регион.
На здравје.
Процесот
Четири чекори, ниту еден скратен
-
01
Берба
Грозјето се бере рачно од сопствените насади. Тероарот со многу сончеви и суви денови му дава уникатен квалитет и висока шеќерност.
-
02
Ферментација
Комињето ферментира бавно и контролирано, без забрзувања. Времето е состојка која не може да се замени.
-
03
Дестилација
Во стари традиционални бакарни казани. Главата и опашката се отфрлаат — се задржува само чистото срце на алкохолот.
-
04
Одлежување
Дестилатот зрее по неколку рецепти, меѓу кои и најстарите семејни тајни, сѐ додека не добие карактер вреден за флаширање.
Колекцијата
Дестилати и вина од сопствени насади, произведени во лимитирани серии.